Нашиот официјален канал

Традиционалните медиуми полека заминуваат во историјата, а потребата за адаптација е неизбежна.

Во ова секојдневие каде што твитовите се многубројни, постовите кратки, а содржината се креира со брзина на мислата – неопходен е дом во кој артистите ќе имаат можност да се претстават… а публиката да ги пронајде.

Водени од оваа потреба создадовме уникатен YouTube канал каде различни артисти од исто поднебје ќе ги прикажат своите креации. Тука ќе имате можност за прв пат да ги видите најновите видео изданија, но и да се потсетите на некои подзаборавени или изгубени синглови.

Дозволете да се претставиме. Почнуваме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *