Кристијан Волчев со преработка на „Со маки сум се родила“

Кристијан Волчев, гитарист на алтернативниот рок бенд Греј (Grey) и воедно професор по класична гитара, со одлична преработка на добро познатата народна македонска песна „ Со маки сум се родила“ го најави својот прв соло албум.

Понесен од носталгијата кон родната земја, а истовремено горд на македонската традиција и фолклор, со задоволство го прифаќа предизвикот една од најубавите македонски народни песни да ја реаранжира и преработи во класичен стил, задржувајќи го духот и фолклорните елементи.  

Разочаран од можностите кои им се нудат на младите артисти во Македонија, по серија несреќни настани, одлучува да замине, да живее и работи на Малта заедно со колегите од бендот. Но, назад го враќа еден проект, кој се раѓа во периодот минат далеку од дома.  

Како што раскажува Кристијан , празнината во душата ја исполнувал со топли инпровизации на „Со маки сум се родила“, од каде и доаѓа идејата за нејзино снимање. Композицијата е компонирана и создадена во Малта, плод на шест месечна работа, а реализирана и снимена во Македонија во Октомври 2016 година. Прекрасен спој на фламенко и македонски фолклор на класична гитара, со видео запис снимен на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Видео записот е во режија на Лидија Мојсовска,  Дарко Секуловски – камера и постпродукција. Андријана Данчевска е лицето кое се појавува во спотот, инаку танчерка на модерен балет. Како добар крај на приказната, композицијата беше одлично прифатена од публиката. Истото толку квалитетна музика и позитивни коментари посакуваме за целиот албум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *